Техеран: Обама да не ги повторува неточните обвинувања против Иран

Иран го повика новиот американски претседател Барак Обама да не ги повторува, како што се вели, неточните обвинувања против Техеран на досегашната американска администрација. Претставник на иранското министерство за надворешни работи изјави дека Иран ќе одговори соодветно доколку има промена во американските ставови. Соединетите Држави го обвинуваат Иран дека настојува да развие нуклеарно оружје.