Скопје: Власта подготвува кривични пријави за кандидатите на СДСМ, обвинуваат од партијата

Според СДСМ, власта подготвува кривични пријави за кандидати на СДСМ за локалните избори, кои ВМРО ДПМНЕ ќе ги користи во кампањата, со што свесно создава услови за лоши избори. Вмро дпмне одговори дека станува збор за сценарио на СДСМ за бојкот на изборите. Опозицијата натаму соопшти и дека ден по лидерската средба и распишувањето на мартовските избори во весниците биле објавени огласи за вработување на 195 лица во државната и општинска администрација што е спортивно на Новиот изборен закон. Вмро дпмне пак како одговор на обвинувањата од опозициската СДСМ дека Владата не води енергетска политика и врши притисок врз ЕВН. излезе со изјава дека СДСМ ги брани бизнис интересите на компанијата. ЕВН Македонија пак ги отфрли, како што соопшти неоснованите обвинувања на Владата на Македонија наведувајки дека целосно го почитуваат купопродажниот договор. Досега во подобруивање на мрежата инвестиравме над 85 милиони евра со што значително се подобри снабдувањето, се вели во соопштението од ЕВН Македонија и се додава дека по нивниот влез во Македонија, дефектите се намалени за 26 проценти.