Исламабад: Стотици милитанти ги нападнале пакистанските сили во близина на границата со Авганистан

Пакистанските власти соопштија дека стотици милитанти ги нападнале пакситанските сили во племенското подрачје во близина на границата со Авганистан. При тоа во судирите загинале 6 војници и најмалку 40 милитанти. Борбите започнале вчера во подрачјето Мохманд место познато како упориште на талибанците и Ал Каеда.