Њујорк: Прифатена нацрт резолуцијата на ОН за итен прекин на огнот во Газа

Арапските земји и земјите од Западот постигнаа договор околу нацрт резолуцијата на Советот за безбедност на ООН со кој се повикува на итен прекин на огнот во појасот Газа, изјавија дипломатски извори во ООН. Инаку бројот на жртвите во израелската офанзива во појасот Газа се зголеми на 763 , откако спасувачките екипи за време на прекин на бомбардирањата извлекоа од урнатините многу тела, објавија палестински извори. Меѓународниот комитет на црвениот крст го обвини израел за прекршување на меѓународното право откако не дозволи евакуација на ранетите.