Брисел: Средба на директорите на руски Газпром и украински Нафтогаз за надминување на спорот

Главните директори на руски Газпром Алексеј Милер и Украински Нафтохаз Олег Дубина денеска во Брисел го започнаа состанокот со преставници на Европската Унија во обид да го решат спорот околу долгот и цената на рускиот гас кој резултираше со прекин на снабдувањето на Европа преку Украина. Првиот човек на Украинската делегација Олег Дубина по синоќешните разговори во Москва со неговиот колега од Газпром Алексеј Милер се врати во Киев каде што денеска изјави:

„Ние во секој случај ке дојдеме до некаков договор. Ние не можеме да постоиме еден без друг. Нешто мора да решиме. Нешто ке потпишеме откако ќе направиме нови пресметки. Да не разговараме под вакви или онакви условувања.“

Детали од разговорите засега нема. Европската Унија врши силен притисок да се реши спорот кој ги засегна нејзините земји членки.