Газа: Израел ги продолжи нападите врз појасот Газа

Најмалку три ракети биле истрелани од Либан врз северен Изреал, јавија агенциите. Во нападот нема жртви и засега не се знае кој е одговорен за нападот, кој е прв по израелската војна против Хезболах во Либан во 2006 година и го потикнаа стравот од отворање втор фронт кога израелската офанзива против Хамас во Газа влезе во 13 ден. Израелските бомбардери пак денеска презеле нови напади врз позиции на Хамас во Појасот Газа. Цел на денешните напади биле тунелите меѓу Газа и Египет, како и северот на Газа, а се јавува и за судири меѓу израелските копнени сили и палестинските милитанти. Израелското министерство за одбрана денеска емитуваше изјава од војник на фронот во Газа.

„Ова е трета ноќ како што ние учествуваме во теренски операции. Ја завршивме нашаат мисија за 72 часа. Имавме силна подршка за нашите позиции и потоа влеговме во куките и ги стерилизиравме. Не се соочивме со голем отпор.“

Египетските власти во меѓувреме соопштија дека преставници на Израел и Палестинците денеска ке се состанат за техничките прашања поврзани со предложениот мировен договор. Во Каиро се поканети преставници на Израел, Хамас и Фатах на Претседателот Махмуд Абаз.