Свет: Повик на Ал Каеда за напади на израелски и западни цели

Вториот човек на терористичката организација Ал Каида Ајман ал Завахири во најновата аудио порака ги повика муслиманите да напаѓаат израелски и западни цели како одговор на израелската воена офанзива во Појасот Газа. Тој го обвинува и новоизбраниот американски претседател Барак Обама дека не презел ништо за да ги задржи акциите на Израел.