Пакетот на Обама за 775 милијарди долари за економијата пред Конгресмените

Новиот состав на американскиот Конгрес денеска ќе расправа за предлогот на ново-избраниот претседател Барак Обама за стимулативен пакест за економијата во износ од 775 милијарди долари за наредните две години. Обама вчера оцени дека економската ситуација се влошува.

„Јасно е дека треба да дејствуваме и тоа сега за да спречиме, сегашната рецесија, драматично да се влоши во наредните години.“