Газа: Висока делегација на ЕУ во обид за изнаоѓање примирје на Блискиот Исток

Висока делегација на ЕУ предводена од претставникот за надворешна политика и безбедност Хавиер Солана ја продолжува посетата на Блискиот исток во обид да се постигне примирје во појасот Газа. И францускиот претседател Никола Саркози престојува во регионот, каде што прави напори да издејствува прекин на судирите меѓу Израел и палестинското движење Хамас. Во меѓувреме, израелскиот премиер Ехуд Олмерт отфрли каков било прекин на огнот во појасот Газа без уверување дека целосно ќе биде запрено палестинското ракетирање врз Израел.