Скопје: Денеска православните христијани го празнуваат Бадник

Православните христијански верници во Македонија денеска го слават Бадник, ден пред големиот празник Рождество Христово - Божик. Бадник традиционално ќе биде одбележан со собир пред Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје каде што на годинашните кумови - групата Синтезис и писателот Венко Андоновски ќе им биде врачен преодниот бадникарски ќуп. Манифестацијата вообичаено ќе почне со подигање на бадникарското знаме, по што следува осветување на бадниковите гранчиња, нафората, топлата ракија и чајот. На платото пред храмот бесплатно ќе бидат делени бадникови гранчиња. Во пресрет на Бадник и Божик, во скопските маала и во другите населени места во Македонија синоќа се одржаа народни собири со палење бадникарски огнови. Рано изутринава, пак, Рождеството Христово го најавуваат децата коледарчиња.