Москва: Путин наредби скратување на испораката на гас преку Украина

Рускиот Премиер Владимир Путин на Газпром му нареди да ја скрати испораката на гас за Европа низ Украина почнувајки од денеска и тоа за делот за кој Москва го обвинува Киев дека го краде. Газпором соопшти дека дотурот за Европа ке го зголеми преку Белорусија и црно Море. Овој чекор доаѓа истовремено со итниот состанок на евро диплматите во Брисел посветен на спорот кој ги засега европските потрошувачи на рускиот гас. Во меѓувреме Унијата испрати своја делагација во Киев на разговори околу долгот на Украина и спорот за цената на гасот. Украина инаку тврди дека Русија всушност го намали транзитот низ Украина и дека секое покачување на цената што го бара Русија ќе значи покачување и на транзитните услуги низ нејзина територија.