Пекинг: Во експлозија во фабрика за пиротехника загинале 13 лица

Во експлозија на илегална фабрика за пиротехнички средства во источна Кина загинале 13 лица. Несреќата се случила во местото Веифанг. Полицијата го уапсила сопственикот на фабриката и ги истражува причините за експлозијата.