Подгорица: Вонредните парламентарни избори ќе бидат закажани за 29 март

Вонредните парламентарни избори во Црна Гора најверојатно ќе бидат закажани за 29 март. Извори од владејачката коалиција соопштија дека на 20 јануари ќе биде одржана вонредна седница на Собранието на Црна Гора. Се очекува на таа седница да биде скратен мандатот на актуелниот состав на парламентот, со што ќе бидат створени услови претседателот официјално да ги распише изборите.