Приштина: Меѓународните мировни сили го зголемуваат присуството во северно Косово

Меѓународните мировни сили на Косово и мисијата на Европската унија Еулекс по најновите инциденти во северно Косово го зголемуваат присуството во тој дел, се наведува во заедничкото соопштение на овие институции по петочните инциденти во северниот дел на Косовска Митровица кога во две експлозии беа повредени седуммина пожарникари.
КФОР и Еулекс нема да дозволат какво било насилство на Косово и ќе ги спречат сите инциденти, се нагласува во соопштението.