Прага: ЕУ повика на итно воспоставување на испораките на гас

Европската унија синоќа повика на итно воспоставување на испораките на гас во полн обем за земјите на Европската унија. Енергетските односи на Унијата со нејзините соседи мора да се засноваат врз сигурност и предвидливост, се наведува во соопштението на чешкото претседателство, по информациите за отежнато снабдување со гас за неколку членки на Унијата, пред се Романија, Унгарија, Полска и Словачка. Унијата, која в понеделник закажа вонреден состанок за кризата со снабдувањето со гас повика на итно решение на комерцијалниот спор меѓу Русија и Украина.