Брисел: ЕУ внимателно ќе ја набљудува испораката на природен гас од Русија

Европската Унија внимателно ја набљудува испораката на природниот град по одлуката на Русија да ја запре испораката за Украина околу долгот и спорот за цената на гасот. Комесарот Андре Пибалг изјави дека главните европски консументи кои добиваат гас низ Украина не пријавиле проблеми. Унијата верува дека спорот Русија – Украина нема да влијае врз Унијата. Украинска владина делегација ја започна посетата на европските метрополи за да дискутира за спорот со Русија.