Исламабад: Пакистан почнал масовна акција против милитантите во регионот Кибер Пас

Пакистан денеска започнал масовна акција против милитантите во регионот Кибер Пас, кои ги напаѓаат конвоите за снабдување на НАТО и американските сили во Авганистан. Пакистански претставници соопштија дека во акцијата се вклучени и хеликоптери и артилерија. Главниот пат меѓу Пешавар и пограничниот град Торкам ќе биде затворен се до завршувањето на акцијата.