Ерусалим: Израел подготвен со недели да ја продолжи офанзивата против Хамас

Израел соопшти дека е подготвен со недели да ја продолжи офанзивата против Хамас, во Појасот Газа. Израелскиот заменик министер за одбрана Матан Вилнаи изјави дека му се нанесени тешки загуби на Хамас, но оти Израел е подготвен и за подолготраен конфликт. Според палестински извори, во израелските воздушни напади во последниве денови, загинале околу 350 луѓе. Израел соопшти дека целта на офанзивата е да се спречат ракетните напади од Појасот Газа, кои се закана за израелските цивили. Генералниот секретар на Обединетите Нации Бан Ки Мун ги повика светските лидери да се заложат за запирање на насилствата.