Скопје: Полкот за специјални операции на АРМ ќе донира средства за социјално загрозените

Припадниците на полкот за специјални операции на АРМ денеска ќе донираат средства на социјално загрозени семејства во СКопје, Велес и во Прилеп. Донацијата се состои од прехранбени артикли кои се составен дел од исхраната на припадниците на полкот, а акцијата е организирана во соработка со центрите за социјални работи во овие три градови.