Париз: Франција задоволна од резултатите за време на претседавањето со ЕУ

Франција го завршува претседавањето со Европската Унија задоволна од постигнатите резултати, особено околу крупните предизвици во глобалниот политички и економски план со кои се соочи, оцени францускиот амбасадор во Србија, Жан Франсоа Терал. Париз во втората половина од претседавањето мораше да се соочи со отфрлањето на Лисабонскиот договор на референдумот во Ирска, руско-грузиската војна и светската економска криза. За време на француското претседавање беше постигнат и договор за распоредување на мисијата Еулекс на Косово.