Конакри: Премиерот на Гвинеја ја призна за легитимна Воената хунта

Премиерот на Гвинеја Ахмед Тидијан вчера ја призна за легитимна воената хунта која во вторникот објави дека ја презема власта. Тидијан како што пренесуваат медиумите обраќајќи се до командантот на пучистите Муси Дадису Камара, изјави дека се става на располагање на воената власт. Хунтата дојде на власт во западноафриканската држава само неколку часа откако почина долгогодишниот претседател на земјата Лансана Конте. Водечките опозициони партии побараа организирање на избори во рок од една година, меѓутоа хунтата вчера соопшти избори ќе има дури во 2010 година.