Приштина: Главната улица го доби името на Џорџ Буш

Главната улица во Приштина од денеска го носи името на американскиот претседател во заминување Џорџ Буш. Одлуката била донесена во знак на благодарност поради неговата поддршка на независноста на Косово, се наведува во соопштението на косовската влада. Претходно оваа улица се викаше Видовданска, а потоа Мајка Тереза.