Киев: Единаесет загинати во експлозија во станбен блок

Единаесет луѓе загинале, а дваесет и пет се водат како исчезнати по експлозијата во еден станбен блок на југот на Украина. Министерството за вонредни работи соопшти дека дваесетина станари биле живи извлечени под урнатинита на една петкатница на полуостровот Крим. Досега не е утврдена причината за експлозијата.