Москва: Русија подготвена да употреби сила за одбрана на своите интереси

Русија е подготвена да употреби сила за да ги одбрани своите интереси и нема да ги толерира обидите на Западот да ги загрози, рече рускиот претседател Дмитриј Медведев во интервју за руската телевизија. Според него, војната против Грузија покажала дека острата акција понекогаш е неизбежна. Медведев ги нападна долгорочните планови на НАТО да се прошири со Украина и Грузија.