Москва: Руско-српски енергетски договор

Русија и Србија денеска во Москва ќе потпишат договор за енергетска соработка, со кој се предвидува продажба на Нафтената индустрија на Србија на рускиот гигант Газпром и изградба на гасоводот Јужен поток низ српска територија и на складиштето за гас Банатски Двор. На потпишувањето ќе присуствуваат и претседателите на Русија и Србија, Дмитриј Медведев и Борис Тадиќ.