Kонакри: Владата на Гвинеја распуштена а уставот суспендиран

Државното радио на Гвинеја соопшти дека владата на оваа западноафриканска земја е распуштена и оти е суспендиран уставот. До ова дојде само неколку часа од објавувањето на смртта на претседателот Лансана Конте кој скоро дваесет и пет години владееше во таа земја. Новинари во радиото изјавија дека соопштението било објавено по наредба на група војници. Се уште не е позната причината за смртта на седумдесет годишниот Конте, кој, како што е објавено, подолго време боледувал. Тој дојде на власт со воен удар.