Скопје: Професорот Фрчковски осуден по тужба на премиерот Груевски

Основниот Суд 1 во Скопје денеска го осуди професорот Љубомир Фрчкоски за клевета, навреда и омаловажување на премиерот Никола Груевски. Фрчкоски треба да плати милион и 800 илјади денари за надомест на нематеријална штета. Премиерот Груевски го тужеше Фрчкоски за колумната со наслов Окта визави Кољо Дијамантот, објавена во весникот Дневник, во минатата година.