Москва: Горниот дом ги усвои уставните измени

Горниот дом на Рускиот Парламент ги одобри уставните измени со кои се продолжува мандатот на претседателот на државата од 4 на 6 години. Сите 142-ца сенатори гласаа за, а измените претходно поминаа и во Долниот дом, па остана уште да ги потпише предсетателот Медведев, кој беше и предлагач.