Газа: Хамас објави дека заврши примирјето со Израел

Вооруженото крило на исламистичкото движење Хамас прогласи дека 6-месечното примирје со Израел во Појасот Газа, заврши. Хамас го обвини Израел дека не го искористил примирјето за подобрување на ситуацијата. Изутрината палестинците од Појасот Газа истрелале две ракети во јужен Израел, но немало жртви. Одговорноста ја превзеде Исламски Џихад. Израелскиот минситер за одбрана Ехуд Барак се состана синоќа со членоите на генералштабот, за да ги разгледаат можните воени опции.