Париз: Неформална средба на министрите за финансии на ЕУ

Неофицијална средба на министрите за финансии на ЕУ ќе се одржи денеска во Париз со учество на генералниот директор на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) Доминик Строс-Кан. Главна тема ќе биде финансиско-економската ситуација во ЕУ во услови на глобалната криза. Како што соопштуваат од Елисејската палата, таа се карактеризира со влошување на сите основни економски показатели.