Скопје: Годишно обраќање на претседателот Црвенковски

Шефот на државата Бранко Црвенковски денеска ќе го одржи традиционалното годишно обраќање во македонското Собранието. Според законските овластувања, претседателот на државата редовно им се обраќа на пратениците на крајот од секоја година.
Присуството на парламентарната група на владеачката ВМРО – ДПМНЕ е неизвесно и според најавите, одлуката ќе биде донесена пред почетокот на собраниската седница. Опозиционата СДСМ оцени дека евентуалното бојкотирање на обраќањето на Црвенковски од ВМРО – ДПМНЕ ќе предизвика нови критики од Брисел за политичкиот дијалог