Вашингтон: Рекорно ниска стапка на каматите на Централната банка

Американската Централна банка ги намали каматите на своите заеми на комерацијалните финансиски куќи на рекордно ниска стапка од нула до нула запирка дваесет и пет проценти во обид да ја извлече земјата од се подлабоката рецесија. Ваквиот изненадувачки и историски чекор веднаш доведе до скок на вредноста на акциите на берзите во Њујорк, но и до опаѓање на вредноста на доларот спрема еврото.