Љубљана: Исцрпни сите можности за договор меѓу Словенија и Хрватска

Исцрпени се сите можности за постигнување договор меѓу Љубљана и Загреб, со кој на Хрватска ќе и се овозможи в петок во Брисел да отвори десет и да затвори три поглавија во своите претпристапни преговори со Европската комисија. Ова го јавија словенечките медиуми, кои, повикувајќи се на извори во Европската унија, наведуваат дека на Хрватска поради несогласувањата со Словенија околу границата, ќе и биде можно отворање на само едно поглавие.