Вашингтон: Претседателот Буш нема одмазнички чувства спрема ирачкиот новинар

Белата Куќа соопшти дека претседателот Џорџ Буш немал одмазнички чувства спрема ирачкиот новинар кој ги фрли чевлите врз него на прес конференцијата во Багдад. Портапарлот на Белата Куќа Дана Перино изјави дека останува на ирачките власти да решат како ќе го казнат репортерот.