Бишкек: Киргистанските власти ја цензурираат Радио Слободна Европа

Властите во Киргистан побараа да ги преслушуваат емисииите на киргистански јазик на Радио Слободна Европа, пред да бидат емитувани, бидејки оцениле дека се премногу негативни и критички кон киргистанската влада. Џефри Хиршберг од американскиот борд на гувернери за медиуми оцени дека таквото барање е неприфатливо. Претседателот на Радио Слободна Европа Џефри Гедмин изјави дека емитувањето на програмата на киргистански јазик ќе продолжи на кратки бранови, што ќе биде за прв пат од падот на Советскиот Сојуз. Програмата на киргистански јазик, властите во Бишкек ја забранија на 8-ми октомври.