Њујорк: Дневно се испраќаат по 200 милијарди компјутерски вируси

Според најновиот извештај на американската компјутерска компанија Циско, секој ден низ светот се испраќаат околу 200 милијарди рекламни или пораки со вируси преку електронска пошта. Криминалците се повеќе користат софистицирани методи за да влезат во компјутерите со цел да дојдат до приватни податоци. Според Циско, најмногу фалсификувани пораки доаѓаат од Соединетите Држави, а потоа од Турција и од Русија.