Вашингтон: Неколку светски големи банки соопштија дека се жртви на измамите на Мадоф

Неколку светски големи банки соопштија дека страхуваат оти се жртви на измама во износ од околу 50 милијарди долари од страна на американскиот финансиер Бернард Мадоф. Тој беше уапсен во минатата недела и обвинет од американските федерални власти за измами, поврзани со пирамидална шема, односно, парите од новите инвеститори ги користел за плаќање на старите. Огромни загуби најавија банки од Велика Британија, Шпанија, Франција, Шкотска и Јапонија.