Ашкабад: Парламентарни избори во Туркменистан

Во Туркменистан денеска се одржуваат парламентарните избори. Повеќе од два и пол милиони избирачи имаат право на глас на изборите кои се дел од новиот устав одобрен во септември. Наместо досегашните 50 пратенички места, во новиот парламент на Туркменистан ќе седат 125 пратеници. Властите сметаат дека овие избори се чекор напред кон демократскиот развој на оваа земја. Критичарите пак ги нарекоа лажни, поради тоа што во земјава постои само една легална партија, односно владејачката партија на претседателот Курбангулу Бермукхамедов. Агенциите јавуваат за висока излезност неколку часа по отворањето на избирачките места.