Манама: Гејтс ги предупредува непријателите на САД да не го тестираат Обама

Американскиот министер за одбрана Роберт Гејтс ги предупреди непријателите на САД да не се обидуваат да добијат предност во првите месеци од управувањето на новата администрација во Вашингтон.

Гејтс исто така изјави дека САД ќе продолжат да бидат ангажирани со Блискиот Исток и Персискиот Залив при администрацијата на Барак Обама.

Во однос на Иран, Гејтс изјави дека САД би сакале да видат промена во политиката на Техеран.