Тбилиси: Руската војска се врати во селото Переви

Грузија денеска соопшти дека стотина руски војници влегле во грузиското село недалеку од границата со Јужна Осетија и ја избркале грузиската полиција.Официјален претставник на локалната полиција и портпаролот на министерството за внатрешни работи изјавија за агенцијата Ројтерс дека во селото Переви влегле меѓу 500 и 600 руски војници.Припадниците на мисијата на Европската Унија кои го надгледуваат кревкото примирје по августовската војна на Грузија и Русија го потврдија присуството на руските војници во селото, но не можеа да го наведат нивниот број.