Вашингтон: Коњановски разговараше со Фрид

Продолжувањето на македонско-грчките разговори за изнаоѓање прифатливо решение за името, интегрирањето на Република Македонија во НАТО и состојбата на Балканот, беа темите за кои синоќа во Стејт департментот разговараа министерот за одбана Зоран Коњановски и Даниел Фрид, помошник-државен секретар за европски и евроазиски прашања, јави МИА од Вашингтон. Фрид изразил жалење затоа што администрацијата на претседателот Џорџ Буш не успеала да и помогне на Македонија да стане членка на Алијансата. Според него, администрацијата на новоизбраниот претседател Барак Обама нема да ја промени политиката и тој е убеден дека за многу брзо време ќе се изнајде решение за Македонија да стане членка на НАТО.