Приштина: распоредувањето на Еулекс услов за територијалната целовитост на Косово

Претседателот на општина Митровица и поранешен премиер на Косово Бајрам Реџепи оцени дека распоредувањето на мисијата на Европската унија е предуслов за интегрирање на северот во тероторијалната целовитост на Косово. Според него, Србија и натаму ќе продолжела да го минира тој процес, но тоа, како што вели, ќе наиде на спротивставување од меѓународните партнери.