Вашингтон: Коњановски во посета на САД

Делегација од Министерството за одбрана предводена од министерот Зоран Коњановски од денеска до седумнаесетти декември ќе престојува во официјална посета на Соединетите држави. За време на посетата во Вашингтон ќе бидат реализирани четвртите Билатерални консултации од областа на одбраната. Утре министерот Коњановски ќе се сретне со помошник државниот секретар за европски и евроазиски прашања Даниел Фрид.