Атина: Антивладини демонстрации и генерален штрајк

Во Грција денеска се одржува генерален штрајк во организација на двата најголеми синдикати, со барања за поголеми плати и социјална помош за најсиромашните семејства. Предвиден е и митинг во Атина, каде што еќе се собрале илјадници луѓе. До штрајкот доаѓа по неколкудневните нереди во повеќе градови во Грција, иницирани од убиството на едно момче од страна на полицаец, па се стархува дека и протестот на Синдикатот може да прерасне во нови безредија. Опозиционите социјалисти ја повикаа конзервативната Влада да си поднесе оставка.