Скопје: МНР препорачува да не се патува во Грција поради протестите

Министерството за надворешни работи им препорачува на граѓаните на Република Македонија во наредните денови да избегнуваат престој во поголемите грчки градови со оглед на насилните протести и демонстрации што се одржаа минатите денови во повеќе грчки градови, пред се во Атина, Солун и Трикала, како и можноста за нивно продолжување.

Како што е објавено на веб страницата на МНР, доколку патувањето и престојот се неминовни, се апелира граѓаните да се однесуваат крајно внимателно и да ги избегнуваат градските центри каде се одржуваат демонстрации или каде има знаци за немири или насилства.