Брисел: Состанок на Советот за стабилизација и асоцијација меѓу ЕУ и Македонија

Во Брисел денеска ќе биде одржан петтиот состанок на Советот за стабилизација и асоцијација меѓу Македонија и Европската унија. Вицепремиерот Ивица Боцевски и министерот за надворешни работи Антонио Милошоски ќе информираат за Акциониот план за реализација на препораките од последниот извештај на Европската комисија за Македонија. Ќе бидат разменети мислења и за ситуацијата во Западен Балкан.