Исламабад: Пакистанските власти влегле во кампот на екстремистите обвинети за нападите во Мумбаи

Пакистанските власти влегле во кампот што го користеле екстремистите кои се обвинети за нападите во Мумбаи при што уапсиле десетина луѓе, јавуваат агенциите. Индија претходно го обвини Пакистан дека не презема ништо за апсење на лидерите на исламистичката група која е обвинета дека стоела зад нападите во Мумаби во кои загинаа скоро двеста луѓе. Тоа ги затегна односите меѓу двете нукеларни сили.