Панама: Руски брод првпат помина низ каналот

Руски воен брод, кој учествуваше на вежбата во Венецуела, влезе низ Панамскиот Канал, за прв пат од Втората Светска Војна. Каналот, за време на Студената Војна беше под контрола на Соединетите Држави, а на руските бродови им беше забранет влез. Од 1999-та година, каналот е под контрола на Панама.