Вашингтон: Блиску до решение за помош на автомобилската индустрија

Американските законодавци биле блиску до договор за обезбедување милјарди долари краткорочни кредити за најголемите автомобилски компании, јавуваат агенциите. Станува збор за 15 милјарди долари во кредити за спас на Џенерал Моторс, Крајслер и Форд. Вчера беше соопштено дека во минатиот месец во Соединетите Држави биле укинати 533 илјади работни места, најмногу за еден месец во последните 34 години.