Хелсинки: Продолжува министерскиот состанок на ОБСЕ

Во финскиот главен град Хелсинки денеска продолжува дводневниот минситерки состанок на ОБСЕ. Како што јавија агенциите рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров чие официјално обракање е закажано за денеска вчера на неформалниот ручек за прв пат на своите колеги им го објавил рускиот план за нова европска безбедносна структура. Американскиот државен потсекретар Метју Брајза предлогот го оцени како обид да се ослабе НАТО алијанста.На состанокот пристувува и македонскиот министер за надворешни работи Антонио Милошоски.